Брејвик телефонски ја информирал полицијата дека „ја извршил мисијата“

Осло, 3 август 2011 (МИА) - Андерс Беринг Брејвик, кој призна дека во Осло и на островот Утоја убил 77 лица, по нападот ја информирал полицијата дека ќе се предаде и дека „ја извршил својата мисија“, пишува норвешкиот весник „Варденс ганг“. 

- Брејвик. Командант. Учесник на антикомунистичкиот отпор против исламизацијата. Ја изврши мисијата и ќе им се предаде на специјалните сили „Делта“, изјавил 32 годишниот Норвежанец кога по убиството на 69 лица на островот Утоја, ја повикал полицијата.

Весникот наведува дека повикот на бројот за итни случаи траел само три секунди, а полицијата не успеала повторно да воспостави врска со напаѓачот. 

Портпаролот на полицијата во Осло потврди дека полицијата примила повик од телефонот на Брејвик. Меѓутоа не е потврдено дека токму Брејвик се јавил на телефонот, а не се потврдени ниту неговите зборови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...