Нови улични немири и подметнување пожари во Лондон

Лондон, 8 август 2011 (МИА) - Втора ноќ по ред Лондон е зафатен со улишни немри, ограбување и подметнување пожари, откако вакви инциденти имаше во квартот Енфилд во северниот дел од британскиот главен град, во Волтемстоу, истоцно од квартот Тотенхем, како и во Брикстон, населба во јужниот дел од градот.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, околу 200 млади луѓе со покриени лица синоќа напднаа неколку продавници во центарот на Енфилд и низ искрешените излози навлегоа во продавниците, крадејќи се што мозеа да земат. Дел од овие насилници се судрија со полициските сили што дојдоа да интервенираат, меѓу кои и одред и коњичката полиција, како и полицајци со кучиња, со чија помош беше запрено ограбувањето, а учесниците во овие немири беа потиснати.

Полицијата соопшти дека десетина млади луѓе се уапсени, но дека нема потврда за уништени полициски возила, како и за подметнати пожари.

Веднаш по смирувањето на ситуацијата во Енфилд, немири избувнаа во јужната лондонска населба Брикстон, од каде претставник на противпожарната служба потврди дека е запалена една продавница за обувки и спортска опрема.

Сведоци изјавија дека толпа млади луѓе настојувале да предизвикаат улишни немри и да се пресмета со силите на редот. Полицијата засега не соопшти дека имало судири и поголеми немири во овој дел од градот.

Околу полноќ, уличното насилство се пресели во североистчниот кварт Волтемстоу, каде поголема толпа млади лица уништија делови од тамошниот трговски центар и подметнаа пожари во неколку продавници.

Претставник на полицијата соопшти дека минатата ноќта низ Лондон се испратени дополнителни безбедносни сили и е зголемено полициското присуство по улиците.

Посебни мерки на безбедност има во Тотенхем, каде претходната ноќ беа запалени и целосно уништени неколку трговски објекти, една самопослуга, неколку полициски возила и еден двоспратен градски автобус. Вкупно беа повредени 26 полицајци, а уште десетмина други лица беа задржани во болница. Досега се успени 55 учесници во немирите и грабежите.

Претседателот на Општинскиот совет во Енфилд синоќа изјави оти се сомнева дека немирите во овој кварт се поврзани и се дел од насилството во соседниот кварт Тотенхем. Во двата кварта има етнички мешано население, со голема црнечка заедница.

Таков етницки состав живее и во Волтемстоу и во Брикстон, па се стравува дека насилствата и немририте што почнаа како гневна реакција за смрта на Марк Дуган, кој во четвртокот беше убиен од страна на полицијата, прераснуваат во расно незадоволство на младите од црнечката заедница во британскиот главен град.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...