Улични немири и грабежи и во Бирминген и во Ливерпул

Лондон, 9 август 2011 (МИА) - Улични немири и грабежи на млади насилници синоќа  првпат се регистрирани и во Бирмингем и во Ливерпул, но во обем и со последици, значително помали од оние во глевниот британски град, јави дописникот на МИА од Лондон.

Полицијата во Бирмингем, втор по големина град во Велика Британија, соопшти дека уапсила преку 40 лица, откако околу 300 млади, меѓу кои се забележани и деца, почнале со напади врз продавници во центарот на градот и со грабежи од излозите на оштетените трговски објекти.

Бирмингем е мултиетнички град, со бројна азиско-муслиманска и црнечка заедница, но немирте таму се оправдуваат со незадоволството на младите од нивниот статус во општетството.

Локалните социолози предупредуваат дека немирите и насилствата по улиците може да продолжат, затоа што не мал број млади луге, кои растат во услови во кои не гледаат за себе никаква перспектива во иднина.

Доцна синоќа, полицијата и во Ливерпул соопшти дека немири избувнале и во овој град, во северозападна Англија. Според изјавата на претставник на тамошната полиција, станува збор за „помали, изолирани групи на млади“ кои се судриле со силите на редот во јужните делови од градот. Се уште нема информации за уапсени и повредени лица.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...