Насилството се шири низ улиците на британските градови

Лондон, 10 август 2011 (МИА) - Насилството што во саботата започна во британскиот главен град по убиството на еден 29-годишен маж од страна на полицијата, верижно се шири низ Велика Британија, па така по Лондон, Бирмингем, Ливерпул и Бристол, минатата ноќ ги зафати и Вулверхемптон, Вест Бромвич, Манчестер, Нотингем и Лутон.



Во Лондон, каде вчера беа распоредени дополнителни 16.000 полицајци, синоќа до полноќ беше мирно, по што имаше немири во квартот Тотенхем, каде и започнаа нередите во саботата. При ноќешното дивеење на насилниците во Тотенхем запален е центар за рециклирање.

Жестоки судири имаше и во Манчестер, каде група маскирани лица се судрија со полицијата во центарот на градот. Насилниците кршеа излози на продавниците, подметнуваа пожари, ограбуваа и маваа по полицајците со тврди предмети.

Околу 40 лица со молотови коктели синоќа нападнале полициска станица во Нотингем. По нападот во станицата избувнал пожар, кој набрзо е изгаснат. При инцидентот нема повредни, а полицијата уапсила осумина учесници во нападот.

Во неколкудневното насилство низ улиците на британските градови досега загина едно лице. Како што соопшти полицијата станува збор за 26-годишник, кој вчера им подлегнал на повредите од огнено оружје здобиени во текот на викендот. При немирите се повредени стотина полициајци, а уапсени се 685 насилници.

Повод за протестите беше убиството на 29-годишниот Марк Даган во четвртокот, кој беше застрелан од страна на полицијата при обид за негово апсење. Според медиумиските извештаи за настанот, полициајците не биле загрозени кога отвориле огран врз Даган, кој полициски извори го посочуваат како нарко дилер и криминалец. Неговото семејство меѓутоа ги негира ваквите тврдења, нагалсувајќи дека тој бил добар татко и почитуван член на заеднциата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...