Нема да дозволиме културата на стравот да завладее на улиците

Лондон, 11 август 2011 (МИА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека Владата „нема да дозволи културата на стравот да завладее на улиците“ низ земјата и најави повеќе мерки што ќе бидат преземени во најкус можен рок со цел се врати мирот и редот во Лондон и во другите градови, но и да не се повтори она што се случуваше изминатите четири дена.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, зборувајќи пред пратениците на вонредната седница на Парламентот, посветена на уличните немири, Камерон рече дека она што се случуваше во изминатите денови не беше протест, ниту стануваше збор за политички барања, туку за обичен криминал на млади насилници.

- Сите тие ќе платат за она што го направија и ќе ги вратат работите што ги украдоа, рече британскиот премиер, прв пат најавувајќи создавање на посебна шема за пресметка со бандите и бандитизмот со користење на искуствата од некои градови во САД.

Камерон ги извести пратениците дека Владата ќе и дозволи на полицијата да може да отстрани од лицето на поединец се она што му го покрива идентитетот, ако смета дека постои закана од извршување на криминално дело, а ќе и се овозможи и правото на прекин на користењето на социјалните и мрежите за комуницирање на организираните криминални групи. Ваквите мерки се оправдуваат со ситуацијата со која се соочи полицијата, да се судира со млади насилници со покриено лице со шамии и качучки, кои ги договараа насилните акции преку интернет мрежите Фејсбук и Твитер.

Британскиот премиер рече дека бил и се уште е против употребата на Армијата за сегашната операција за пресметка со уличните банди, тврдејќи дека имало доволно распоредени полициски сили, што сега се вкупно 32.000 низ цела Англија, од кои половината се во главниот град.

Тој ја пофали храброста на полицијата, но рече и дека таа реагирала бавно на почетокот и дека погрешо ги третирала случувањата, гледајќи на нив како на протести, а не како на криминално однесување.

Камерон најави целосна истрага за настаните што го потресоа Лондон, а потоа се пренесоа во уште неколку англиски градови, како и истрага за убиството на младиот Марк Даган, кој беше застрелан од полицијата минатата недела во лондонскиотм кварт Тотенхем, што беше и повод за првите улични немири во во саботата вечер, кога 45 луѓе од овој дел на Лондон останаа без своите домови.

Опозицијата ги поддржа мерките на Владата и оценката дека станува збор за криминал, а не за политички протести, но лидерот на лабуристите Ед Милибанд и пратениците од оваа партија бараа од Владата да не ги спроведе кратењата во буџетот за полицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...