Британски специјалци трагаат по Гадафи

Лондон, 23 август 2011 (МИА) - Повеќе видови специјални авиони за набљудување, прислушување и за разузнавање од воздухот на британското воено воздухопловство (РАФ) се вклучени во широката потрага по полковникот Моамер Гадафи, јави дописникот на МИА од Лондон.

Висок владин претставник, чиј идентитет не се открива, признава дека Британците и нивните сојузници во либиската воена интервенција, трагаат по Гадафи во обидот тој да биде пронајден и уапсен.

- Ние не знаеме каде можеме да го најдеме, но го уверуваме дека сите „очи“ со кои располагаме, трагаат по него, изјави владиниот претставник за весникот „Дејли телеграф".

На последниот состанок на британскиот Совет за безбедност, одржан по навлегувањето на либиските бунтовнички сили до центарот на Триполи и неговиот Зелен плоштад, премиерот Дејвид Камерон побарал од армијата да ја даде на користење целата софистицирана опрема, со која располага, за да се помогне во трагањето по Гадафи.

Воени и разузнавачки експерти сметаат дека тој се крие низ подземните тунели во либискиот главен град, кои се изградени во осумдесетите години на 20 век. Тунелите многупати досега беа бомбардирани од авионите на НАТО, па се верува дека се тешко оштетени или се разурнати. Шпионските сателити во исто време може да го откријат секој обид за полетување и летање над либиската територија, на секаков вид летало. Во операцијата за „ловење" на Гадафи се вклучени британските авиони за откривање на тајни скривалишта, за прислушување на мобилни и сателитски телефони, како и еден американски шпионски авион, оспособен за пронаоѓање траги од возила во пустина.

Разузнавачите на теренот, на кои се повикуваат медиумите, веруваат дека Гадафи би можел да побегне од Либија, користејќи го своето родно место Сирт, каде се смета дека има скриено многу оружје за помагање при извлекувањето или преку пустината, во некоја од африканските земји. Како земја спонзор на извлекувањето на Гадафи од Либија во Лондон се посочува Јужна Африка, која од почетокот на либиската граѓанска војна се противи на воената интервенција на Западот и на земјите-членки на НАТО.

Јужноафриканските власти демантираат дека Гадафи е кај нив, инсистирајќи иднината на земјата и на нејзиниот лидер да го решат меѓусебе Либијците, а не странците. Откривањето на операцијата за ловење на Гадафи доаѓа по појавувањето на неговиот син Саиф ал Ислам синоќа во Триполи и покрај потврдата од Меѓународниот кривичен суд дека тој е уапсен и задржан од бунтовничките сили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...