Пронајдени телата на загинатите во авионот Јак-42

Москва, 8 септември 2011 (МИА) - Телата на сите 43 загинати патници пронајдени се на местото на вчерашната несреќа на рускиот авион Јак-42 покрај Јарославл, соопштија руските медиуми, дополнувајќи дека со тоа е завршена операцијата на спасување и потрага по телата на местото на несреќата.

Авионот Јак-42, во кој беше хокеарскиот тим „Локомотив“, падна два километри од аеродромот, распрснувајќи се на три дела, од кои два паднаа во една притока на реката Волга. Авионот бил зафатен од оган по паѓањето.

Само две лица од 45 во авионот ја преживеаа несреќата. Состојбата на двајцата преживеани е многу тешка, јавија болнички извори. Главниот лекар на болницата „Соловјев“ Александар Дјагтјеров рече дека единствениот преживеан хокеар од „Локомотив“ Александар Галимов е опериран, а 80 отсто од телото му е во изгореници. Лекарот најави дека на Галимов му претстојат уште неколку операции, додека другиот преживеан, кој е член на екипажот е со 15 отсто изгореници на телото и скршеница на ногата.

Властите во Јарославската област денеска прогласија тридневна жалост, и согласно указот на гувернерот таа ќе трае од 9 до 11 септември.

Во Јарославл денеска ќе пристигне и рускиот претседател Дмитриј Медведев, кој требаше да учествува на т.н. Светски политички форум. Но тој ја смени програмата и прво ќе го посети местото на несреќата и ќе разговара со претставниците на локалните власти, а потоа ќе учествува на Форумот, на кој ќе има претставници на 30 земји, меѓу кои и турскиот претседател Абдула Ѓул



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...