Соборувањето на Гадафи е резултат на „среќни околности“

Лондон, 23 септември 2011 (МИА) - Соборувањето од власт на полковникот Моамер Гадафи е резултат на импровизации и некои иновации, но и на „многу среќа“ и низа среќни околности, исто онолку колку што е на употребата на воената сила, тврди угледниот лондонски институт РУСИ во својот извештај за војната во Либија, јави дописникот на МИА од Лондон.

Во извештајот се открива дека британското кралско воено воздухопловство, речиси, целосно ги истрошило ракетите што ги имало на располагање, а дека кралската морнарица морала да воведе контрола и рестрикции во снабдувањето во другите потребни средства, за да има доволно распоредувања за воените бродови вклучени во либиската операција.

Овој институт за прв пат потврдува дека Британците и Французите, имале распоредено по 40 свои војници на либиската територија од редовите на нивните специјални сили, без разлика на демантирањата на тврдењата на британските и западните медиуми дека британски (и француски) војници војуваат во Либија, спротивно на одредбите на резолуцијата на Обединетите нации која предвидуваше создавање на „зона за забранети летови“ на либиската територија.

Ваквите тврдења ги отфрла британскиот министер за одбрана Лијам Фокс кој инсистира дека воената интервенција во Либија покажува дека Велика Британија и натаму „останува како глобална сила“.

Институтот РУСИ, сепак, забележува дека премиерот Дејвид Камерон и претседателот Никола Саркози останаа како „случајни херои“ во оваа граѓанска војна и во успешната воена кампања, што доведе до тргањето на власта на Гадафи.

Камерон и Саркози беа од почетокот на либиската криза најсилни застапници за воена интервенција и за соборување на власта на полковникот кој 42 години управуваше со Либија. Тие двајцата се и најзаслужни за вклучувањето на НАТО во војната, на страната на бунтовничките сили, откако ги убедија другите земји членки дека е потребно да се бомбардира либиската територија, па затоа и беа пречекани како херои, кога неодамна беа во Триполи за да и дадат јавна поддршка на новата власт.

Според експертите на овој лондонски институт, постои голема сличност меѓу воената интервенција во Либија и онаа во Косово, во 1999 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...