Путин се повеќе потсетува на Брежњев

Лондон, 26 септември 2011 (МИА) - Одлуката Владимир Путин повторно да се кандидира за руски претседател и неговото префрлање од една на друга функција, потсетуваат на времето и однесувањето на поранешниот лидер на советската комунистичка партија Леонид Брежњев, кој 18 години управуваше со земјата, пишува „Дејли телеграф“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, според весникот, постои страв меѓу руската опозиција, како и во Европа, околу тоа дека Путин би можел да ја врати Русија во времето на едноумието и диктатурата, затоа што од следната година, кога ќе го почне својот нов мандат во Кремљ, тој е на пат да биде политичар што најдолго време ќе биде лидер на земјата по Јосиф Сталин.

Овој поранешен оперативец и раководител на КГБ, по третпат ќе биде претседател на Русија, по што ќе му биде овозможено да остане на власт се до 2024 година, кога Путин ќе има 71 година.

- Неговото владеење ќе предизвика бунт меѓу Русите, изјави за „Дејли телеграф“ Борис Немцов, поранешен вицепремиер на Русија и еден од лидерите на опозицијата.

 Со замената на функциите, што ја најавија Дмитриј Медведев, кој се откажа од можноста за втор мандат, и Путин, на конгресот на руската владејачка партија Обединета Русија, актуелниот руски претседател се очекува да биде идниот премиер на земјата. Путин беше премиер, па двапати претседател од 2000 до 2008 година, а потоа повторно премиер, со мандат што истекува на крајот од оваа година, за кога се закажани парламентарните избори. Претседателските избори се закажани за март следната година, кога се очекува лесна и убедлива победа на сегашниот премиер Владимир Путин.

Леонид Брежњев управуваше со поранешниот Советски Сојуз како лидер на Комунистичката партија од 1964 година до 1982 година, кога почина.

Британските медиуми посветуваат големо внимание на случувањата во Русија, критикувајќи го решението на Путин повторно да се врати во Кремљ. За „Фајненшл тајмс“ тоа е знак дека Путин нема желба за модернизација на Русија, додека „Гардијан“ оценува дека враќањето на Путин на претседателската функција е знак за „враќање на автократијата“ во оваа земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...