Путин на журка со Берлускони и Шредер

Москва, 7 октомври 2011 (МИА) - Рускиот премиер Владимир Путин денеска го прослави својот 59-ти роденден во друштво на италијанскиот колега Силвио Берлускони и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, пренесоа француските медиуми.

Се очекува Путин и неговите гости, кои одамна оддржуваат пријателски односи со него, да ја минат вечерта во една од руските резиденции, посочи портпаролот на премиерот Дмитриј Песков.

Овој посебен ден за него беше одбележен од мноштво љубопитници и по некои доста дрски истапи, организирани од младите почитувачи на премиерот кои се нарекуваат „Армијата на Путин“ или „Навистина го сакаме Путин“.

Имаше и нешто уште понеобично - група жители на Санкт Петербург (родниот град на премиерот) изјавија дека во дворот на кооперацијата имаат намера да постават статуа на лабрадорот на Путин - Кони.

Рускиот патријарх Кирил на Путин му испрати порака со поздрави.

Неговите опоненти, меѓутоа, се однесуваа ладно кон неговиот роденден затоа што денеска исто така се навршуваат пет години од сеуште неразјаснетото убиство на опозициската новинарка Ана Политковскаја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...