Тимошенко осудена на седум години затвор

Киев, 11 октомври 2011 (МИА) - Поранешниот премиер на Украина, Јулија Тимошенко денеска е осудена на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба. Покрај тоа, таа ќе треба да плати и 1,516 милијарди гривни (200 милиони долари) на Украина за нанесена штета.

Судот во Киев ја прогласи Тимошенко за виновна поради надминување на овластувањата при потпишувањето на договорите со Русија за доставување гас во 2009 година, изјави пред неколку часа претседателот на Судот, Родион Киреев при читањето на пресудата, истакнувајќи дека цената на гасот не одговарала на претходно постигнатиот договор. 

Судијата го прифати тврдењето на Обвинителството дека со постапките Тимошенко и нанела загуба на украинската компанија „Нафтогас“ во висина од 1,5 милијарди гривни (околу 187 милиони долари). Киреев не ја соопшти казната. Обвинителот побара седум години затвор за Тимошенко.

Таа го отфрли обвиненијата, тврдејќи дека е жртва на нејзините политички противници и во судската сала ги повика Украинците да не стравуваат од авторитарниот режим на претседателот Виктор Јануковиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...