„Нема да поднесам оставка“

Рим, 7 ноември 2011 (МИА) - Италијанскиот премиер Силвио Берлусксони денеска лично ги негираше информациите што ги пласираа двајца новинари, кои важат за блиски до него, дека е можно да поднесе оставка на премиерската функција.

- Гласините за моја оставка се неосновани, напиша Берлускони на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Тврдењата за оставка на Берлускони ги негираше и шефот на Пратеничката група на владејачката партија Народ на слободата (ПДЛ), Фабрицио Чикито.

- Разговарав со премиерот пред неколку минути и тој ми кажа дека гласините за негова оставка се неосновани, изјави Чикито.

Тврдењата дека Берлускони ќе поднесе оставка ги пласираа уредникот на весникот „Фолио“ и поранешен италијански министер Џулијано Ферара и заменик-директорот на весникот „Либеро“, Франко Бекис.

Ферара, кој важи за човек близок на Берлускони, на својот сајт објави дека италијанскиот премиер „е на пат да поднесе оставка“. - Тоа е прашање на часови, а некои велат и на минути, напиша Ферара.

Бекис, пак, чиј весник го поддржува Берлускони, на својот профил на Твитер напиша дека премиерот „ќе поднесе оставка до вечерва или најдоцна утре изутрина“.

Најавите за оставката на Берлускони доаѓаат пред неговата денешна средба со најблиските соработници во вилата Аркоре крај Милано, во услови на зголемени тензии на финансискиот пазар во Италија и нараснатиот притисок врз италијанскиот премиер да се повлече од функцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...