Колоритната кариера на Силвио Берлускони е при крај?

Во добата на умерени технократски лидери, италијанскиот премиер Силвио Берлускони секогаш отскокнуваше. Масивно богат, шармантен и зборлест и нималку меланхоличен, тој долго присуствува на светската политичка сцена. Но, сега има се повеќе шпекулации дека неговата кариера се приближува кон својот крај.

До неодамна, Берлускони водеше симпатичен живот. Неговата огромна бизнис империја ја сочинуваат истакнати медиуми, градежништво и фудбалскки клубови, со која според Форбс е на 118-то место на најбогати луѓе на светот, тежок 6,2 милијарди долари, а од годинава и со титулата италијански премиер со најдолг мандат по Втората светска војна. Откога Берлускони беше осомничен по обвинувањетпо дека платил за секс со 17-годишно девојче, неговата владина коалиција стана уште понестабилна, а европската финансиска криза се закани да ја заплисне и Италија.

И покрај многуте скандали кои му се припишуваа на Берлускони уште откако влезе во политиката пред скоро две децении, 75-годишникот е несомнено еден од вистинските преживувачи. И покрај соочувањето со бројни судења, на суд ниту едно од обвинувањата против него не беа докажани; во парламентот само во последните три години пратениците спроведоа 51 гласање за негова доверба, но Итлаијанците три пати го избираа за премиер.

Роден во Милано во 1936, Берлускони стана забележителен како шоумен уште додека работеше како салонски забавувач на крстосувања со бродови за да заработи за студии - тогаш студираше право.

Имаше неколку нискобуџетни претпријатија пред великиот претприемач да го постигне својот вистински голем успех во градежништвото во доцните 60-ти кога беше вклучен во проект за развој на Милано Два - населба со скоро 4,000 станови - во едно предградие на Милано. Во 70-те, по создавањето на големо богатство од неговото портфолио со недвижности, се заинтересира за отворање на кабелска телевизија, Телемилано, и купи два други кабелски канали во обид да го сруши монополот на италијанската државна телевизија. Во 1978, овие два канали беа вклучени во новооснованата групација „Финиинвест“, во која имаше и трговски центри, осигурителни компании, па дури и фудбалскот клуб „Милан“ - еден од најголемите клубови на светот.

Берлускони го сврте своето внимание кон политиката во 1993 кога ја формираше својата десноцентристичка партија Форца Италија, и следната годна беше избран за премиер по неизвесни избори. Имаше многу недоразбирања со неговиот десничарски партнер од Северната лига, но и сомнежи за даночни затајувања, кои завршија само седум месеци откако застана на функцијата. Тој ја доби жалбата во 2000-та, откако важноста на пресудата истече затоа што беше донесен нов закон за ограничувања - цел комплет од временски ограничвања пред некој правен акт да стапи во сила.

По поразот на изборите во 1996 од политичкиот противник Романо Проди, тој беше вовлечен во други финансиски скандали, меѓу кои и во подмитувања на даночни инспектори. Тој негираше било каква вмешаност и пак беше ослободен од обвинувањата по жалбата во 2000-та.

Неговата среќа пак му се насмеа кога во 2001 по втор пат положи заклетва како премиер. Но, Проди - поранешниот претседател на Европската комисија - му го прекина успешното владеење со победата на неговата левоцентристичка коалиција Унија во 2006. Во тоа време, тајкунот веќе претседаваше со најдолговечната влада во повоена Италија.

И покрај пејсмејкерот кој му беше вграден за време на изборната кампања за регулација на неговиот срцев ритам, тој не успори. Се зборуваше многу за трансплантацијата на неговата коса и за козметичките операции - и исончаниот Берлускони се врати по третпат на власт во 2008, под знамето на новосоздадената партија Народ за слобода.

Следните 12 месеци беа екстремни за политичарот ветеран. Беше фален заради справувањето по разурнувачкиот земјотрес, кој го срамни со земја италијанскиот град Аквила во 2009, па дури и ги преживеа и критиките откако врз маката на преживеаните искоментира дека се како „на камперски викенд“.

Но, следниот месец втората сопруга на Берлускони Вероника Ларио поднесе барање за развод - со тврдење дека Берлускони имал непристоен однос со 18-годишно девојче-модел на чиј роденден присуствувал. Берлускони рече дека таа е ќерка на негов пријател и дека не сторил ништо погрешно.

Во декември истата година, за време на изборната кампања, Берлускони беше погоден во лице со реплика на миланската катедрала, при што му беа сршени неколку заби и доби скрешница на носот. Министерот за одбрана Игнацио Ла Руса за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ рече дека неуморниот Берлускони продолжил да се ракува со народот „уште неколку минути“ откако бил погоден.

Во меѓувреме, италијанските обвинители ја проширија нивната истрага за даночни затајувања и врз најголемиот електронски медиум во државата, „Медиасет“, кој Берлускони го контролира. Беше обвинет за намалување на даночните капацитети на „Медиасет“ со купување права за американски филмови по напумпани цени и потоа за создавање на нелегални фондови за помош, но минатиот месец тој беше ослободен од сите обвиненија.

Додека државната економија зависеше од развојот на финансиската криза - италијанскиот долг од 2,7 трилиони долари е еднаков на 150 проценти од домашниот економски производ - растеше и притисокот врз Берлускони. Џанфранко Фини - поранешниот партиски сојузник - излезе и го обвини за недостиг на внимание врз економијата и структурните реформи кои им се потребни на Италија. Премиерот преживеа три гласања за доверба во Парламентот во текот на 2010 и годинава, од кое едно го доби само со три гласа предност, но неговиот авторитет продолжуваше да опаѓа.

Економистите велат дека Берлускони нема доволен политички авторитет за да спроведе кратења на државните трошоци или пак морална основа за да воведе повисоки даноци за Италијанците додека се соочува со судења по разлипчни основи. Други европски лидери го критикуваа за неуспехот итно да спроведе програма за сериозни економски реформи.

Вербата на економистите во Берлускони исчезнува

Во меѓувреме, Берлускони се соочува со сериозен личен предизвик од кој еден може да го стави во затвор, заради секс со малолетна клубска танчерка и заради злоупотреба на власта. Берлускони 13 пати имал секс со малолетната клубска танчерка Карима ел Маронг, позната уште и како „Руби срцекрадачката“, вели обвинителот кој тврди дека премиерот ја злоупотребил неговата позиција кога во мај 2010 интервенирал да ја ослободат од притвор каде била задржана заради кражба. Ел Маронг рече дека никогаш немала секс со Берлускони и дека го лажела за нејзината возраст, му кажала дека има 24 години.

Во септември 2011 обвинителите до судот во Бари доставија транскрипти од околу 100,000 страници од снимени ленти, направени во 2008 и 2009. Обвинителите обвинија осум луѓе кои им плаќале на млади жени да присуствуваат на таканаречените „бунга-бунга“ забави во приватната куќа на Берлускони.

Берлускони ги негирашпе сите обвинувања и ги обвини обвинителите за конспирација против него во левичарски заговор. - Комунизмот во Италија никогаш не се смени. Се уште постојат луѓе кои го користат казнувањето како оружје во нивната идеолошка битка, рече тој на почетокот на годинава.

Но според записите од телефонските јавувања, Берлускони дал неколку контроверзни забелешки, при што еднаш дури рекол и дека сака да ја напушти Италија бидејќи станала „посрана држава“ од што веќе му е „смачено“. Ова е карактеристично за него. Кога бил соочен со овие забелешки, Берлускони се насмеал на овој и на многу свои други гафови, но судејќи според неодамнешните протести против него, многу Италијанци би рекле дека чувствата се взаемни.

Си-Ен-Ен - Атланта



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...