Берлускони поднесе оставка на функцијата премиер на Италија

Рим, 12 ноември 2011 (МИА) - Силвио Берлускони вечерва поднесе оставка на функцијата премиер на Италија, јавија италијанските медиуми. Тој му ја врачи оставката на претседателот Џорџо Наполетано откако претходно одржа состанок со раководството на неговата партија.

Тоа беше очекувано откако пред неколку часа Долниот дом на италијанскиот Парламент го усвои пакетот економски реформи кои ги побара Европската унија, за да се избегне кризата да се прошири во таа држава. Горниот дом на Парламентот, Сенатот, тоа го направи вчера, па на тој начин е изгласан буџетскиот закон кој содржи реформски мерки.

Неколку илјади демонстранти вечерва излегоа на улиците на Рим за да ја поздрават неговата оставка.

Берлускони, кој не успеа да обезбеди мнозинство во текот на клучното гласање одржано во вторникот, вети дека ќе се повлече од функцијата кога Парламентот конечно ќе ги усвои економските мерки, што од Италија ги побараа европските партнери со цел да се врати довербата на пазарот во италијанските јавни финансии.

Тој пред неколку дена рече дека Италија треба да покаже дека е способна за сериозни реформи и единствената реална можност за излез од политичката криза се нови избори.

Се очекува, поранешниот член на Европската комисија Марио Монти да добие задача да се обиде да формира нова администрација која ќе се соочи со растечката финансиска криза во Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...