Продолжува потрагата по преживеани од несреќата на бродот „Коста Конкордија“

Подводните спасувачки операции околу луксузниот италијански туристички бродот „Коста Конкордија“, кој на 13 јануари вечерта се насука крај бреговите на Тоскана откако удри во карпа, продолжија изутрината.

Иако бродот продолжува да се поместува, планирано е со контролирани експлозии да се пробијат три отвори на петтата палуба, каде што се претпоставува дека има уште преживеани патници. Повеќе од 20 патници се водат како исчезнати, а загинаа 11.

Портпарол на крајбрежната стража изјави дека метеоролошките услови се подобри од очекуваното, морето е спокојно, и додаде дека би било чудо ако некој преживеал при ниските температури во делови од бродот, кој е под вода. Потрагата на бродот неколку пати беше прекината поради извесно поместување на бродот.

На бродот, долг 290 метри, се наоѓаа 3.200 патници и 1.023 членови на екипажот. Над 70 патници кои доживејаа бродоломот на „Коста Конкордија“ покренаа заедничка постапка против сопственикот на бродот со цел секој патник да добие оштета од 10.000 евра. Истрагата ќе утврди чија е одговорноста, а потоа италијанските судови ќе одредат кое право ќе се примени, изјави експерт од Брисел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...