Капетан “Кукавица“: Шефовите бараа од мене да пловам близу до брегот

Капетанот на крузерот “Коста Конкордија“, Франческо Скетино, изјавил дека бродот во моментот на несреќата, што се случи кај островот Џиљо во Италија, пловел близу до брегот оти тоа од него го барале неговите шефови.

Италијанските медиуми објавија информација дека Скетино им рекол на истражните органи дека поздравувањето на луѓето на крајбрежјето била идеја на шефовите како и дека тоа се прави заради јавноста.

“Тие рекоа дека ќе бидеме видени и дека ќе добиеме публицитет“, рекол капетанот.

Тој дури им рекол на истражните органи дека компанијата планирала поминување и поздравување на граѓаните за време на локални државни празници.

Според последните извештаи, бројот на загинати во бродоломот што се случи на 13 јануари, се искачи на 13, додека 19 се’ уште се водат како исчезнати. Спасувачите продолжуваат со потрагата, но само на површината на морето поради исклучително лошите временски услови.

Скетино се наоѓа во домашен притвор, а осомничен е за повеќекратно убиство поради тоа што го напуштил бродот додека на него се’ уште имало патници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...