Строс-Кан на слобода

Лил, 22 февруари 2012 (МИА) - Поранешниот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан, кој вчера беше приведен под сомнение за соучесништво во сводништво и прикривање злоупотреби, денеска е ослободен од притвор во северниот француски град Лил, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на свои дописници.

Адвокатката на Строс-Кан, Фредерик Болио, изјави дека нејзиниот клиент е целосно ослободен откако бил сослушан. Тој совршено мирно им одговарал на прашањата на иследниците.

Полицијата во Лил истражува претпоставена мрежа за проституција во Франција и Белгија со замешани полицајци и други претставници на властите.

Строс-Кан бил распрашан во врска со неговото претпоставено учество во „слободни вечери“, посебно во Париз и Вашингтон, за да се утврди дали знаел дека поканетите жени се проститутки. Серија патувања на проститутките биле организирани и финансирани од двајца француски бизнисмени, посочуваат француските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...