ЦЕРН ги забрзал неутрино честичките

Женева, 24 февруари 2012 (МИА) - Од она што можеше да биде најголемо научно откритие за последните сто години и што се закани дека од корен ќе ја промени модерната наука, единствено што досега е потврдено е - грешка. 

По тврдењето дека неутрино честичките се движат побрзо од светлината, физичарите од Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) открија дека во експериментот постојат недостатоци кои можеле да ги наведат на погрешен заклучок.  

Виновникот за тоа е кабелот што го поврзува приемникот на системот за навигација (ГПС) и компјутерот.

- Проблемот е во ГПС користен за мерење на времето на доаѓање на честичките во лабораторијата „Гран Сасо“, наведе портпаролот на ЦЕРН Џејмс Гилис и додаде дека проблемите би можеле да доведат до погрешно пресметување на брзината. Натамошни мерења, планирани за оваа година, ќе утврдат дали кабелот влијаел на резултатот на мерењето, рече Гилис.

Грешката е утврдена на почетокот на февруари и го доведе во прашање постигнатиот резултат и дополнително ги засили сомневањата дека честичката, сепак, не патувала со поголема брзина од брзината на светлината како што во септември соопштија лидерите на ексмериментот „Опера“.

Тогаш е измерено дека неутрино честичките на пат долг 730 километри, од лабораторијата ЦЕРН во Женева до подземната лабораторија „Гран Сасо“ во Италија, се движеле за 60 милијардити делови од секундата побрзо од брзината на светлината. Тие сознанија во ноември се потврдени, иако светската научна заедница, како и самите физичари на ЦЕРН, од почетокот се сомневаа во нивната конечна точност.

Научниците минатогодишните резултати ги примија со големо сомневање бидејќи беа спротивни на теоријата на Ајнштајн дека ништо не се движи побрзо од светлината што е еден од постулатите на модерната физика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Насуфи го унапредуваат во чувар на затвор.
- Г-не Насуфи, имате за задача меѓу затворениците да воспоставите ред и дисциплина!
- Нема проблем, кој нема да слуша, веднаш ќе го ...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на физичката активност
1497.- Италијанскиот морепловец Америго Веспучи...
1774.- Умре Луј IV, крал на Франција. Роден е на...
1876.- Во Врхника е роден Иван Цанкар,...