И одново Путин

Москва, 5 март 2012 (МИА) - Руската Централна изборна комисија соопшти прелиминарни резултати од претседателските избори врз основа на 99 отсто преброени гласови според кои, актуелниот премиер Владимир Путин победи со 63,85 отсто освоени гласови на избирачите.

На второ место е лидерот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов со 17,18 отсто гласов, трет е самостојниот кандидат Михаил Прохоров со 7,75 отсто, четврти е лидерот на Либерално-демократската партија Владимир Жириновски со 6,23 отсто гласови додека последен е лидерот на Праведна Русија Сергеј Миронов кој доби 3,84 отсто поддршка. 

Путин синоќа прогласи победа на плоштад во центарот на Москва и поздрави повеќе од 100.000 приврзаници при што им се заблагодари на поддршката. Тој укажа дека изборите се доказ за политичка зрелост на Русија и оти политичките провокации чија цел е рушење на државата не се поддржани.   

- Оваа победа беше потребна за нашата држава да биде современа, силна и независна, рече Путин. Ги повика сите граѓани да го поддржат во следните шест години од мандатот за доброто на Русија. 

Портпаролот на Путин наведе дека ќе продолжи дијалогот со опозицијата.

- Путин беше и ќе остане целосно прагматичен како во политиката така и во останати области. А, што се однесува до опозицијата, тој никогаш не исклучува важност од разговори, изјави Дмитриј Песков. 

Зјуганов пред затворањето на бирачките места се пожали на регуларноста на изборите бидејќи според него, Путин за време на изборната кампања не учествувал во дебати со останатите кандидати. За разлика од него, Жириновски и Миронов му ја честитаа победата на Путин. Прохоров кој надмина предизборни прогнози на јавно мислење, најави формирање своја партија и наведе дека нема да прифати понуда од Путин за преземање функција во власта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...