Дваесет и две деца загинаа во сообраќајна несреќа

Женева, 14 март 2012 (МИА) - Дваесет и осум Белгијци, од кои 22 деца, загинаа синоќа во сообраќајната несреќа во Швајцарија, соопшти локалната полиција.
Несреќата се случила кога автобус со белгиски регистарски таблички излетал од патот и од досега непознати причини удрил во ѕид од тунел во кантонот Вале, на границата со Италија.

Несреќата се случија синоќа околу 21 часот по локално време.

Во автобусот патувале 52 лица, односно две одделенија со ученици од градовите Ломел и Хеверле, од фламанскиот дел на Белгија. Учениците, на 12-годишна возраст, се враќале дома во Белгија од зимувањето во Вал дАнавие, скијачко одморалиште во Вале, соопштија француски медиуми.

Во сообраќајната несреќа загинаа и двајцата возачи, а 24 повредени ученици со возила за брза помош и хеликоптери се однесени во болница.

Во спасувачката операција учествувале 60 пожарникари, 15 лекари, 100 спасувачи, 12 возила за брза помош, осум хеликоптери. На местото на несреќата се испратени психолози, кои ќе ги придружуваат семејствата на жртвите при нивното пристигнување.

Амбасадорот на Белгија во Швајцарија под итно отишол до местото на трагедијата.

-Оваа драма ќе ја потресе цела Белгија. Никогаш не сум доживеал нешто слично. Големината на несреќата е тешка за прифаќање, изјави амбасадорот, цитиран од француските медиуми.

Според раководителот на кантоналната спасувачка служба сите учесници во спасувачките активности биле шокирани од преживеаното.

Автобусот што се удрил во тунелот патувал заедно со други два автобуса, што веќе се вратиле во Белгија.
Ова е една од најтешките сообраќајни несреќи во Швајцарија



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...