Најмалку тројца убиени при напад во Тулуз

Париз, 19 март 2012 (МИА) - Најмалку три лица се убиени, а неколку други се ранети денеска при напад врз еврејско училиште во градот Тулуз во југозападниот дел на Франција.

Како што јави Би-Би-Си, меѓу убиените се две деца и еден возрасен.

Според очевидци, инцидентот се случил кога вооружен маж отворил оган врз група родители и деца, кои чекале на влезот од училиштето „Озар Хатора“, по што побегнал со мотоцикл.

Веднаш по нападот, полицијата ги блокира улиците во реонот околу училиштето.

Францускиот министер за внатрешни работи Клод Геан издаде наредба за засилување на безбедносните мерки околу сите еврејски училишта во Франција. Се очекува во текот на денов Геан да допатува во Тулуз.

Денешниот напад се случува само четири дена по убиството на тројца француски војници во Тулуз и во градот Монтобан во југозападна Франција.

Француските медиуми оценуваат дека не е исклучена поврзаност меѓу денешниот и нападите од 15 март врз војниците. Ваквата оценка се извлекува врз основа на фактот што убиените војници беа припадници на етничките малцинства.

- По се изгледа цел на нападите се припадниците на етничките малцинства во регионот, изјави за Би-Би-Си новинарот од Тулуз, Кристофер Бокман.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...