Ист човек убива во Тулуз

Париз, 19 март 2012 (МИА) – Убиството на четирите лица, меѓу кои и три деца во денешниот напад во еврејско училиште во градот Тулуз во југозападниот дел на Франција, најверојатно е злосторство на еден ист човек кој минатата недела во Тулуз, а потоа и во Монтобан уби четворица и тешко рани еден француски војник.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, едно од оружјата, според пронајдените чаури кое го користел изутринава, било исто како и тоа што беше користено при нападите врз војниците, а ист е и начинот на бегство со мотоцикл.

Францускиот министер за внатрешни работи Клод Геан напомена за сличности меѓу двата напади и неодложно нареди да се засили обезбедувањето околу еврејските училишта во земјата.

Ако во овај напад жртвите беа од еврејската заедница, во претходните напади жртвите беа со арапско потекло и еден од француските Антили.

Францускиот претседател Никола Саркози се појави на местото на настанот во Тулуз придружуван од Ришар Паские, претседателот на Советот на еврејските заедници во Франција и од министерот за образование Лук Шател.

Кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд исто така најави дека заминува за Тулуз за да ја изрази „солидарноста со семејствата и еврејската заедница во Франција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...