Уапсен осомничениот убиец од Тулуз

Тулуз, 21 март 2012 (МИА) - Мухамед Мерах, осомничен дека вчера во пукотницата пред еврејското училиште во Тулуз убил четири лица, денеска е уапсен во станот во кој бил забарикадиран откако полицијата ја опколила зградата, јавија медиумите.

Мерах (24), француски државјанин од алжирско потекло кој за себе тврди дека е исламистички милитантен активист, уапсен е по 12-часовна операција на специјалната полиција, јавија француските телевизии БФМ и Теле, повикувајќи се на полициски извори.

Веста, што во меѓувреме ја презедоа и британските и другите медиуми, меѓутоа, се уште не е официјално потврдена.

Во текот на попладнето се очекува францускиот претседател Никола Саркози да и се обрати на нацијата.

Мерах е осомничен и за убиството на тројцата француски војници од минатата недела, со оглед на тоа дека, според досегашните информации, во тој напад било искористено истото оружје како и во вчерашниот масакр, во кој беза убиени рабин и три деца.

Осомничениот напаѓач на преговарачите им изјавил дека тоа го сторил „за да ја казни француската војска за меѓународната интервенција и страдањата на палестинските деца“, пренесоа француските медиуми.

Неговиот чин предизвика осуда и зачуденост меѓу официјалните лица во Франција и ширум светот, меѓу верските поглавари и медиумите.

Мерах, пред пет години бил осуден на затворска казна во Авганистан заради бомбашки напад, но со помош на талибансиките бунтовници успеал да побегне од затвор, јавија британските медиуми.

Началникот на затворот во Кандахар Гулам Фарук, повикувајќи се на затворската документација, тврди дека авганистанските сили за безбедност го уапсиле Мерах на 19 декември 2007 година и дека бил осуден на три години затвор заради поставување бомби во јужната провинција Кандахар.

Од затворот Сарпосм, на југот на земјата, тој избегал во јуни 2008 година, заедно со 1.000 други затвореници, вклучувајќи и 400 талибански бунтовници, кога талибанците активирале експлозив со кој бил наполнет еден камион и со кого го разнеле главниот влез на затворот, тврди Фарук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...