Не знаеме дали Мохамед Мерах е жив или мртов

Мохамед Мерах

Париз, 22 март 2012 (МИА) - Не знаеме дали Мохамед Мерах е жив или мртов. Од синоќа нема никакви знаци на живот. Се надеваме дека е жив, изјави утрово францускиот министер за внатрешни работи Клод Геан.

Геан истакна дека од синоќа полицијата нема никаков контакт со него. - Синоќа Мерах рекол дека сака да умре со оружје во рака, додаде министерот.

Мерах се крие во станот во зграда во Тулуз, опколена 30 часа од елитни единици за борба против тероризмот. 

Во текот на ноќта полицијата активира три експлозиви до зградата, за да го заплаши и да му изврши притисок. Исклучена е струјата во целиот реон. Во зградата е запрено и снабдувањето со вода и гас.

Мерах вчера првично изјави дека ќе се предаде во попладневните часови, но потоа се откажа, изјави извор близок до истрагата. - Од синоќа тој изгледа не сака да се предаде и е многу одлучен во тоа, додаде изворот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...