Таткото на „убиецот од Тулуз“ планира да ја тужи Франција

Париз, 27 март 2012 (МИА) - Таткото на „убиецот од Тулуз“, 23-годишниот Француз со потекло од Алжир Мохамед Мерах, Беналел, има намера да ги тужи француските власти за убиство на синот за време на нападот на неговиот стан.

- Планирам да ги ангажирам најдобрите адвокати и ќе работам до крајот на животот за да ги платам, истакна Беналел Мерах.

Тој смета дека француската специјална единица имала можност да го остави неговиот син жив, користејќи во 32-часовната опсада на станот, меѓу другото, специјален гас.

- Тие се определија да го убијат, нагласи Мерах.

Мохамед Мерах е убиен, според зборовите на началникот на полицискиот специјален одред „Раид“ Амор де Отклок, најверојатно од снајперски истрел додека се обидувал да скокне од терасата на првиот кат.

По завршувањето на операцијата, францускиот претседател Никола Саркози изјави дека „се било направено за Мохамед да биде изнесен пред правдата“, меѓутоа како шеф на државата немал намера „да ги ризикува животите на луѓето за остварување на оваа цел“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...