Убиениот генерал одржа прес конференција

Москва, 8 август 2012 (МИА) - Генерал-мајор Владимир Петрович Кужеев, за кого сириските бунтовници соопштија дека е убиен во Сирија, се сретна денеска со новинари во Министерството за одбрана на Русија и ги демантираше соопштенијата за сопствената смрт.

Документите на Владимир Петрович Кужеев

- Им благодарам на медиумите за големото внимание кој мојата скромна личност. Непријатна ми е информацијата за мојата смрт во Сирија. Вознемирен сум дека тие информации причинија голема вознемиреност кај моите блиски. Веќе половина ден телефонот не запира да ѕвони, рече рускиот генерал.

Тој потврди дека е жив и здрав и дека е во Москва и рече дека тоа е провокација не само кон него, туку и кон неговата земја.

Руското Министерство за одбрана ги нарече голема лага извештаите за смртта на рускиот генерал и објави дека тоа се провокативни дејствија кон руските војници.

Сириска бунтовничка група денеска соопшти дека нејзините борци убиле руски генерал, кој бил ангажиран како воен советник при Министерството за одбрана на Сирија за операциите на владините сили во реонот на Гута, западно од Дамаск.

Групата, која себе си именува како Специјален оперативен баталјон „Јастреби“ - Оддел на воената управа на градот и провинцијата Дамаск, во прилог на соопштението достави и копии од документи издадени од сириските власти, за кои се тврди дека му припаѓале на убиениот генерал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...