Британската Влада им нуди

Пет милиони фунти на сириските бунтовници

Лондон, 10 август 2012 (МИА) - Министерот за надворешни работи Вилјам Хејг соопшти денеска дека Велика Британија дава дополнителни пет милини фунти финансиска помош за „невоена опрема“ за бунтовничките сили во Сирија, во нивната борба за соборување на „режимот на Башара Асад“, јави дописникот на МИА од Лондон.

Парите се наменети за набавка на радио и сателитска опрема, како и за купување на мобилни генератори за производство на струја.

Со овој пакет финансиска помош за бунтовниците не е предвидено никакво оружје.

- Оваа одлука е сосема исправна и е во ред, затоа што луѓето во Сирија имаат потреба од помош, изјави Хејг на прес-конференција во Форин Офисот во Лондон.

Тој рече дека дополнителните пари што им се даваат на припадниците на „Сириската слободна армија“, се наменети и за купување на неопходните лекови и друга медицинска потреба, но британскиот министер истакна дека Велика Британија „ќе внимава кому (во бунтовничките редови) ќе му дава финансиска помош“.

Вилијам Хејг рече дека и покрај одлуката да им се дадат пари на бунтовничките сили, официјален Лондон ќе продолжи да работи на изнаоѓањето мирно решение за конфликот во Сирија.

Ваквиот британски гест се означува како израз на „фрустрацијата во која се наоѓа британската дипломатија“ од случувањата во редовите на сириската опозиција, која и пое 17 месеци војување со „режимот во Дамаск“ не успеа меѓусебе да се спогоди околу една јасна политичка програма за идна Сирија и за една стабилна влада, во пост Асад периодот.

Наместо тоа, се почесто се зборува за тоа дека исламистите од тамошното „Муслиманско братство“ ја преземаат контролата во редовите на опозицијата, во политичкиот, а особено во воениот дел од конфликтот, што почна како побуна за демократски промени, а се претвори во меѓуверска војна.

Според британски извори, околу 20.000 луѓе загинале во Сирија од почетокот на воените судири на бунтовниците и сириската армија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...