Меркел ја предупреди Велика Британија

да не излегува од ЕУ

Лондон, 8 ноември 2012 (МИА) - Германскиот канцелар Ангела Меркел ја предупреди Велика Британија да не излегува од Европската унија. Таа го повика британскиот премиер Дејвид Камерон да работи заедно со неа со цел да не се дозволи преговорите за буџетот на ЕУ за периодот 2014-2020 година да западнат во ќор-сокак.

Меркел и Камерон се сретнаа синоќа на работна вечера во Лондон во обид да ги надминат несогласувањата за следната буџетска рамка на ЕУ со вкупна вредност од околу еден билион евра.

Британскиот премиер ги означи претходно плановите за зголемување на буџетот како апсурдни. Тој се закани дека ќе стави вето на секоја спогодба, која не е во интерес на неговата земја и даде на знаење дека ќе настојува за замрзнување на буџетот во реална вредност.

Меркел, која во принцип за залага за зголемување на буџетот, одби да прецизира дали ќе се согласи со британските барања. Во исто време таа нагласи дека Германија и Велика Британија, како големи придонесувачи во буџетот на ЕУ, имаат многу заеднички интереси.

Германската канцеларка претходно во Европскиот парламент во Брисел истакна дека Велика Британија е неопходен дел од ЕУ, но додаде дека таа самата ќе загуби доколку ја напушти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...