Сакам место за Британија во реформирана ЕУ

Лондон, 25 јануари 2013 (МИА) -  Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека сака да и обезбеди место на Велика Британија во една реформирана Европска унија. Во интервју за Си-ен-ен, зборувајќи од Давос, Камерон инсистира дека пред ЕУ нема поставено список со барања, заканувајќи се дека ќе ја напушти Унијата, доколку тие барања не се исполнат.

- Сакам да бидам запаметен по повторното покренување на британската економија, по зајакнувањето на домашното општество и посебно, по обезбедувањето место за Велика Британија во една реформирана ЕУ, вели британскиот премиер.

Во разговорот, Камерон истакнува дека станува збор за британски интереси, но дека во прашање се и интересите на Унијата. Тој вели дека ЕУ сега со 27 членки ќе мора да се менува.

- Брисел честопати знае да оди предалеку и да претерува со наметнати барања и законодавството во социјалниот сектор, при вработувањето и во заштитата на човековата околина, оценува Камерон.

Изјавата на британскиот премиер доаѓа по навестувањето на Камерон за одржување референдум во Велика Британија за напуштање на ЕУ, што би се одржал по 2015 година и следните парламентарни избори. На предавање за британско-европските односи во Лондон, тој соопшти дека ќе има референдум доколку победи на парламентарните избори за нешто повеќе од две години и доколку Брисел не се согласи со ревизија на односите на Велика Британија со Унијата.

Само два дена подоцна, зборувајќи во Давос, на светскиот економски форум, Камерон рече дека барањето за поинаква ЕУ не значи дека тој и врти грб на Унијата.

Европските лидери во најголем број, негативно реагираа на британските барања за нови преговори околу членството на Велика Британија. Само Германија навести дека е подготвена да разговара со Лондон и да види што навистина сака Камерон.

Британските лабуристи и либералдемократите ја осудија европската политика, нарекувајќи ја штетна за британските интереси. Лидерот на либералдемократите и заменик премиер Ник Клег изјави дека е „неверојатно оти ЕУ ќе се согласи со менување на своите правила, само за да и угоди на Велика Британија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...