Што загуби папата кога даде оставка

Папата Бенедикт Шеснаесети ќе го напушти Ватикан на 28 февруари во 17 часот и ќе биде префрлен со хеликоптер во папската летна резиденција Кастел Гандолфо, 30 километри од Рим.

Таа вечер во 20 часот, како што е најавено, престанува неговата папска функција и тој ќе биде кардинал Јозеф Рацингер. По заминувањето на папата, собите во кои престојувал ќе бидат запечатени, а и сите негови соработници секретарот, собарот, готвачката, ќе ја напуштат зградата. 

Во Ватикан ќе ја остават и својата бела облека и црвените чевли, бидејќи како што се тврди, не можат да постојат двајца господари во бело. Така било и во 1449 година кога се повлекол папата Целестин Петти.

Верската информативна агенција (ВИА) јави дека во Кастел Гандолф папата ќе престојува до крајот на април, што значи и за време на изборите и устоличувањето на неговиот наследник. Од ватиканските кругови е соопштено дека тој за тоа време нема да се појавува во јавноста.

Од летната резиденција папата ќе биде преселен во манастир во ватиканските градини каде моментално се во тек градежни изведби на реновирање. Книгите на папата напишани по оставката, ќе бидат објавени дури по неговата смрт, како што претпоставуваат теолозите блиски на Ватикан. Некои теолози ја критикуваат одлуката Бенедикт и понатаму да живее во Ватикан, бидејќи сметаат дека на тој начин тој ќе биде папа во сенка.

Ватикански извори наведуваат дека папата Бенедикт Шеснаесети во иднина ќе се нарекува кардинал Јозеф Рацингер, иако за ова нема прописи.

Секако, тој кога ќе почине ќе биде погребан како и другите папи во базиликата на Свети Петар.

Како пензиониран папа нема да има пензија. Ќе има приходи од издадените книги, кои всушност одат во неговата фондација, можеби и плата врз основа на тоа што порано бил надбискуп во Минхен, а пред тоа професор по теологија.

Прстенот кој го носи како папа, т.н. рибарски прстен, ќе биде скршен, потврди ватикански претставник.

Кардиналот Рацингер во иднина ќе се потпишува како Јозеф Рацингер Бенедикт, (ресигнатус - кој се повлекол). Од прозорецот на апостолската палата Бенедикт Шеснаесети ја служеше вообичаената, но претпоследна куса молитва во неделата на пладне, која како што се оценува на Плоштадот Свети Петар во Рим ја гледале повеќе од 100.000 верници.

Политика - Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...