Прва молитва преку звучник од џамија во Шведска

Гетеборг, 12 април 2013 (МИА) - Џамијата во местото Фитја, во близина на Стокхолм доби дозвола за емитување на молитвите преку звучник поставен на минарето. Дозволата, како што јави дописникот на МИА од Шведска, ја издаде Полициската управа во Стокхолм.

Џамијата доби дозвола за емитување на молитвите преку звучник траење од три до пет минути во петоците меѓу 12 и 13 часот.

- На крајот сепак ја добивме дозволата и навистина сме многу задоволни. Ова е голема работа за муслиманите во Шведска. Сега ни претстои да обезбедиме соодветно озвучување на минарето, изјави Исмаил Окур, претседател на Исламското здружение во Ботширка.

Ова е првпат на една џамија во Шведска да и биде дозволено да практикува молитви преку звучници, така што овој случај би можело да биде преседан што ќе се применува на цела Шведска.

Мнозинството членови на Советот за општествена изградба во општина Ботширка, во која се наоѓа спомената џамија, пред извесно време ја поништија одредбата зацртана во урбанистичкиот план донесен пред изградбата на џамијата во 1994 година, дека не би смеело да се практикуваат никакви молитви со звучници од минарето.

Исламското здружение во Ботширка укажува дека дозволата се однесува на куси повици од минарето, пред петочните молитви, а не петпати дневно, што е нормално во муслимански земји, јави Шведското радио.

Во шведскиот Муслимански совет не веруваат дека оваа дозвола за џамијата во Фитја би можела да предизвика поплава од молби од страна на други џамии во Шведска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто не успеало пресадување на мозок на плавуша?
- Мозокот го отфрлил страното тело.

* * *
- Од двајца ќелави, кој е поќелав?
- Тој со поголема глава

* * *
Две баби...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
430.- Умре римскиот свештеник Аурелиус Августин,...

1645.- Умре холандскиот правник, писател и...

1749.- Во Франкфурт на Мајна е роден Јохан...

1851.- Во Поњане, кај Шкофја Лока, е роден Иван...