Нечас не си оди од премиерската функција, а се извини за следењето на тајните служби

Чешкиот премиер Петр Нечас не знаел за следењето на неговата сопруга и уште две лица од страна на Службата за воено разузнавање, јави дописникот на МИА од Прага. Во соопштението, кое Нечас го испрати откако судот одреди притвор за неговата блиска соработничка, шефицата на кабинетот Јана Нагиова, тој вели дека длабоко жали за случувањата и им се извини на сите на кои тоа се однесува. Нагиова е обвинета дека ја злоупотребила службената должност и на највисоките службеници во военото разузнавање им наредила да ја следат сопругата на премиерот, Радка и уште две лица вработени во премиерскиот Кабинет.

Таа е осомничена и за корупција, односно поткупување на тројца пратеници од владејачката партија кои се откажаа од пратеничките мандати, а за тоа добиле противправна корист. -Никогаш не сум одлучил и не сум бил информиран за наводно следење на лица, чии имиња се споменуваат во медиумите. Доколку, тоа навистина се случило, сметам дека е сериозна злоупотреба, вели Нечас додавајќи дека е свесен дека Нагиова не може да остане на позицијата која досега ја имала. Нечас изрази надеж дека целиот случај брзо и без партиски влијанија ќе се испита. Премиерот смета дека е неприфатливо, тоа што двајца високи функционери на военото разузнавање, наводно примале наредби од особа која немала законски овластувања за тоа. Во врска со најголемата политичка афера која се отвори пред два дена и во која се обвинети осум лица, се осомничени и актуелниот и поранешниот шеф на военото разузнавање Милан Кованда и Ондреј Паленик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...