Европо не потклекнувај под притисокот, прифати го Сноуден

Лондон, 3 јули 2013 (МИА) - Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ги повика денеска европските земји да не потклекнат под притисокот на САД и да го прифатат поранешниот соработник на ЦИА и НСА, кој од американските власти е обвинет за шпионажа. 

- Земјите од Европската унија, пред се Франција и Германија би требало да му го посакаат своето најтопло добредојде, под каков било статус, изјави Асанж. 

Потсетувајќи дека ЕУ минатата година ја доби Нобеловата награда за мир, Асанж изјави дека „Европа мора да се носи со ситуацијата и да ја покаже својата подготвеност во одбрана на слободата на информирањето, без оглед на стравот од политички притисок од својот најдобар пријател - САД“. 

Според Асанж јавната вредност на информациите на Сноуден е потврдена со  откривањето дека САД ги шпионирале европските дипломатски мисии и институции. 

- Доколку овој млад човек се остави на меѓународната зона на московскиот аеродром, европските земји ќе ги напуштат своите принципи и дел од причините за своето постоење, нагласи Асанж, кој и самиот беше цел на Вашингтон поради објавувањето на доверливи дипломатски депеши на САД. Тој се наоѓа во Амбасадата на Еквадор во Лондон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1483.- Големиот шпански морепловец Кристифор...
1610.- Умре Микеланџело Караваџо, италијански...
1784.- Во Париз умре Дени Дидро, француски...
1849.- Во битката кај Шегешвар, борејќи се во...