Зеленски: Почнаа преговори за можен состанок со Путин

Можен состанок со рускиот претседател Владимир Путин беше предмет на разговорите меѓу Москва и Киев неделава во Истанбул, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во соопштение објавено денеска.



Украина смета дека таква средба, на која би сакал да учествува и американскиот претседател Доналд Трамп, би била важна за преговорите за завршување на руската инвазија која трае повеќе од три години.

Путин претходно изјави дека би бил подготвен за таков самит само во „финалната фаза“ од преговорите, кои засега даваат малку резултати.

- Треба да ставиме крај на оваа војна, што веројатно почнува со состанок на лидерите, рече Зеленски вчера во разговор со новинарите.

Руските преговарачи почнаа да разговараат за можноста за самит со украинската страна, рече Зеленски, оценувајќи дека се работи за „напредок кон некаков формат на средба“.

За време на третата рунда преговори меѓу Украина и Русија во средата во Истанбул, шефот на украинската делегација Рустем Умеров предложи таква средба на врвот да се одржи кон крајот на август, што е во согласност со ултиматумот од 50 дена што Доналд Трамп му го даде на Путин за решавање на конфликтот, со закана со тешки санкции.

Меѓутоа, руската страна не изгледа оптимистична за можноста за средба во непосредна иднина.

- Таквата средба треба внимателно да се подготви. Само така ќе има смисла, рече шефот на руската делегација Владимир Медински.

Додека средбите меѓу двете страни, кои имаат радикално спротивставени барања, засега даваат малку резултати, Русија продолжува постепено да напредува на фронтот.

Украинскиот претседател рече дека Русите се обидуваат да извршат продор, но не оствариле поголем напредок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Учителката о прашува Трпе:
- Кој го напиша "Војна и Мир"?
- Не знам учителке, не сум јас.
- Оваа лута му пишува единица, оди кај директорот да му се пожали.
- Замислете оној...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Софија, умре Крсте Петков Мисирков,...
1963.- Катастрофален земјотрес го разурна...
1996.- Република Македонија стана потписничка на...
1996.- Република Македонија и Европската унија...