Зеленски: Утре нови преговори со Русија, можно е планирање средба со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека следната рунда мировни преговори меѓу Киев и Москва е закажана за утре и дека Украина ќе инсистира на размена на воени заробеници, враќање на украински деца однесени во Русија и подготовка на состанок меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.



- Со секретарот на Советот за национална безбедност Рустем Умеров разговарав за подготовка на нова размена на заробеници и за нова средба со руската страна во Турција. Умеров ми рече дека средбата е планирана за утре, изјави Зеленски во своето редовно видеообраќање на социјалните мрежи.

Претходно денеска, тој им се обрати и на шефовите на украинските дипломатски мисии во странство, нагласувајќи дека „потребна е поголема динамика во мировните преговори“. Според него, „вистински ефикасни разговори може да се водат само на ниво на лидери“.

Зеленски нагласи дека украинската страна има јасен дневен ред: враќање на заробеници, враќање на украинските деца киднапирани од Русија и подготовка на состанок меѓу претседателите на двете држави. Тој ги повика дипломатите да ги информираат земјите домаќини за овие цели и да обезбедат политичка поддршка за Украина.

Последните две средби во Истанбул меѓу руските и украинските делегации, одржани под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп, не донесоа значителен напредок кон прекин на огнот, освен размена на заробеници и тела на загинати војници.

На претходната рунда преговори во јуни, Москва повторно излезе со максималистички барања – Украина да се откаже од четири области освен веќе анектираниот Крим, како и од западната воена помош и членството во НАТО. Киев ги отфрли условите како „ултиматуми“ и се посомнева во искреноста на Русија да постигне вистински мировен договор.

Сепак, Москва изјави дека останува отворена за разговори, откако американскиот претседател Доналд Трамп ѝ даде рок од 50 дена да постигне договор под закана од нови санкции. Паралелно, Вашингтон најави обновување на испораките на оружје за Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Милка ја прашува сосетката:
-Зошто Вие ја запишавте својата ќерка на Филозофски факултет?
-Па ете, кога ке се омажи и кога ќе почне да готви даима на што да мисли
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1573.- Роден е Микеланџело Караваџо, италијански...
1831.- Во Сподње Ретје е роден Фран Левстик,...
1864.- Во Лондон е основана Првата...
1891.- Во Њујорк умре Херман Мелвил, еден од...