Завршени осумте „кардиолошките случаи“, во вторник ќе почант да се разгледуваат новите пет

Стручната комисија на Министерството за здравство ги заврши осумте предмети од „кардиолошките случаи“, а во вторник ќе продолжи со работа по новите пет, соопшти денеска ресорниот министер Азир Алиу.



Како што истакна Алиу, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Клиниката за кардиохиругија, со странските експерти кои треба да дојдат во земјава договор ќе се потпише по изборите.

-Нашата Комисија вчера имаше состанок, заврши со осумте случаи. Имаме уште пет други, ќе продолжи во вторник. Надворешните експерти ќе дојдат кога ќе бидеме подготвени, не се правно договорени зашто имаме законски пречки. По изборите ќе се потпише договорот со нив, истакна Алиу.

Директорот на Клиниката за кардиохирургија Дејан Димитровски рече дека не ги селектирал тој случаите.

-Не учествував во селекцијата. Инаку, се работи за пациенти кај кои е направена коронарографија, дијагностичка процедура пред изведување оперативен зафат и контрола, коронарографија по операцијата при што се гледаат одредени неправилности, напомена Димитровски.

Во врска со починатото девојче од тетовското село Челопек, првичните резултати од контролите покажале дека тетовската болница постпаувала според протоколот. Се очекуваат уште анализите од обудкцијата и од уште една стручна комисија на Министерството за здравство за да се утврди што понатаму.

-Во Тетово имавме три комисии, внатрешна која беше веднаш формирана од директорот и вработените на тетовската болница. Утредента по мое барање беше испратена и од Институтот за јавно здравје. Имаме резултати од стручните лица - покажаа дека Протоколот е следен, немаме некој наод. Ќе чекаме денеска или утре да заврши уште една наша стручна комисија, на Министерсвото за здравство, ги чекаме и резултатите од обдукцијата за да ги собереме сите и да видиме што понатаму, информира министерот Алиу.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Каков тампон користи слоница? Овца!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1601.- Роден е францускиот крал Луј XIII, кој во...
1783.- Роден е шпанскиот генерал и мексикански...
1825.- Англискиот пронаоѓач Џорџ Стивенсон...
1862.- Роден е јужноафриканскиот генерал и...