Андоновски: Дигиталниот самит ја става Македонија на мапата на дигитално развиени држави

Над 800 учесници од државата, но и од другите земји од регионот и од Европа ќе присуствуваат на Дигиталниот самит кој ќе се одржи во Скопје на 1 и 2 октомври, во Музејот на современа уметност, а на кој главни теми ќе бидат сајбер-безбедноста и дигиталните услуги, но ќе се говори и за вештачката интелигенција.



Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во гостување на Македонско радио, истакна дека оваа година самитот е малку реорганизиран, со тоа што ако порано бил само за функционери и членови на владите, сега и граѓаните, бизнис секторот, универзитетите, ќе може да присуствуваат и да ги слушаат говорниците кои се поканети на самитот.

-Главен интерес ќе ставиме на сајбер-безбедноста, три панели ќе бидат посветени на неа, затоа што имаше голем интерес и од учесниците и од панелистите. Потоа, дигиталните услуги, ќе ја преставиме како што ветив македонската мобилна супер апликација, секако ќе разговараме за дигитален паричник, дигитален идентитет, интероперабилност, нови услуги, поврзување на институциите, иновации, вештачка интелигенција и итн, рече министерот за дигитална трансформација, соопшти Министерството за дигитална трансформација.

Во однос на промоција на настанот, Андоновски напомена дека сите панели и свеченото отворање, како и обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски и неговото обраќање ќе бидат дигитално пренесувани на социјалните мрежи.

-Сите заинтересирани кои нема да можат да бидат во можност да присуствуваат на настанот, ќе можат да го следат на социјалните медиуми, мислам дека ќе биде одличен настан, заклучи Андоновски, стои во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Каков тампон користи слоница? Овца!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1601.- Роден е францускиот крал Луј XIII, кој во...
1783.- Роден е шпанскиот генерал и мексикански...
1825.- Англискиот пронаоѓач Џорџ Стивенсон...
1862.- Роден е јужноафриканскиот генерал и...