ОЈО: Признанието на вина и пресудата за Пешевска е потврда за основаноста на наводите во обвинението за случајот „Онкологија“

Основното јавно обвинителство сѐ уште не ја добило пресудата од Кривичниот суд и образложението за изречената двегодишна условна казна без забрана за вршење на дејност за второобвинетата во случајот „Онкологија“, онкологот Мери Пешевска.



Од Обвинителство велат признанието на вина и пресудата за Пешевска е потврда за основаноста на наводите во обвинението, додека висината на санкцијата за стореното кривично дело ја одредува Судот.

– Признанието на вина и осудителната пресуда изречена за една од обвинетите во предметот „Онкологија" е потврда за основаноста на наводите во обвинението поднесено од Основното јавно обвинителство Скопје. Висината на санкцијата за стореното кривично дело ја одредува Судот, а обвинителството сѐ уште не ја добило пресудата и образложението за изречената казна, стои во соопштението.

По приемот, додаваат, Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе вложи жалба во однос на висината на санкцијата.

Основниот кривичен суд Скопје вчера изрече двегодишна условна казна без забрана за вршење на дејност за второобвинетата Пешевска, доколку во рок од пет години таа не стори ново дело. Таа претходно го призна делото кое што ѝ се ставаше на товар за несовесно лекување болни, по што кривичната постапка против неа беше раздвоена.

Пешевска заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев и уште двајца други онколози беше обвинета за несовесно лекување пациенти. Според обвинението, на нив им се ставаат на товар кривичните дека „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1835.- Во Париз умре Винченцо Белини,...
1905.- Шведска ја призна независноста на...
1908.- Во Солун, во кафеаната "Бошњак-ан",...
1941.- Во Лондон, на конференцијата на...