ЕУ реши да ја вклучи

Хезболах на листата на терористички организација

Брисел, 22 јули 2013 (МИА) - Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска постигнаа договор за вклучување на военото крило на либанската милитантна шиитска Божја партија (Хезболах) на „црната листа“ на терористички организации.

Со ваквото решение како илегално и противзаконско ќе се третира испраќањето пари и финансиска помош за оваа група, но и средби на европските дипломати со членови на раководството на групата.

Противниците на казнувањето на Хезболах, тврдат дека тешко ќе може да се раздели политичкото од военото крило на оваа група, како и дека постои опасност од дестабилизација на внатрешните политички состојби во Либан.

Хезболах е силен политички фактор во оваа блискоисточна земја и таа има свои претставници во Парламентот и Владата на Либан. Официјален Бејрут веќе побара од ЕУ да не се донесе одлуката за ставање на Хезболах на „црната листа“.

Досега ЕУ имаше внимателен пристап кон оваа либанска група, третирајќи ја како еден вид стабилизатор на состојбите во регионот, а посебно во Либан, кој долго време беше сцена на сурова граѓанска војна. Промена во ставот настана, откако Хезболх застана на страната на властите во Дамаск, додека ЕУ се определи за силна поддршка на сириските бунтовници кои две години се борат за да го соборат од власт претседателот Башар ал Асад.

Хезболах е веќе на „црните листи“ на две членки ЕУ - Велика Британија и Холандија, како и на САД, Канада и Австралија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...