Најмалку 77 лица загинаа во железничка несреќа

Мадрид, 25 јули 2013 (МИА) - Најмалку 77 лица загинаа синоќа кога воз излетал од шините на влезот во станицата во шпанскиот град Сантјаго де Компостела. Во несреќата повредени се 143 лица.

Овие податоци ги соопшти регионалниот суд на Галисија, напоменувајќи оти тие се уште не се конечни. Во возот се наоѓале 222 лица.



Пет лица се во кома, од кои 15-20 се во тешка состојба. Несреќата се случила синоќа во 20.42 часот по локално време.

Се работи за линија која ги поврзува Мадрид и Ферол, на северот на земјата. Телата кои се расфрлани се прекриени со ќебиња. Возот се превртел на врвот на вијадукт. Екипите за итна помош и пожарникарите се наоѓаат на местото на несреќата.

Сведоци опишале ужасни сцени, а некои тврдат дека слушнале силна експлозија.

Возот со патници излетал од шините на остра кривина. Еден од вагоните се запалил, Спасувачите се обидуваат од превртените вагони да ги извлечат преживеаните.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој ќе допатува денеска на местото на несреќата.

Ова е една од најголемите трагедии во историјата на железничкиот сообраќај во Шпанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...