Сноуден го напушти „Шереметјево“

Москва, 1 август 2013 (МИА) – Поранешниот соработник на американската Национална безбедносна агенција (НСА) Едвард Сноуден ја напушти денеска транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево и влезе на територија на Русија откако доби документи за привремен азил.

Неговиот адвокат Анатолиј Кучерена изјави дека Сноуден од руската Федерална миграциска служба добил документи што му овозможуваат да ја напушти транзитната зона на московскито аеродром.

– Му ги предадов документите од Федералната имиграциска служба на Русија, изјави адвокатот на Сноуден, Анатолиј Кучерена. Адвокатот посочи дека поранешниот американски разузнавач е на безбедно место.

Дел од западните медиуми јавија дека Сноуден добил привремен азил во Русија од една година, додека Викиликс објави Сноуден доби статус на бегалец во Русија. Викилкс тврди дека Сноуден го напуштил аеродромот придружуван од член на Викиликс.
Сноуден побара привремен азил во Русија на 16 јули додека му беше одобрен на 24 јули. Истиот ден, САД побараа објаснување од руските власти за промена на статусот на Сноуден.

САД ќе бидат разочараат доколку Русија му дозволи на Едвард Сноуден да го напушти московскиот аеродром „Шереметјево“, предупреди пред една недела портпаролката на Стејт департментот Џенифер Псаки.

Американската администрација јасно стави до знаење дека американската позиција останува дека Сноуден треба да им биде предаден на САД за да му се суди за издавање тајни шпионски програми.

Сноуден беше на московскиот аеродром од 23 јуни.

Сноуден со документите на руската Федералната миграциска служба (ФМС) може да претстојува на територијата на Русиjа во еден од центрите за баратели за азил додека се разгледува неговото барање.

Рокот за разгледување на барањето е три месеци со можност да се продолжи уште три месеци.

Привремениот азил се издава на една година и може да биде продолжен секоја година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...