Сноуден има право да патува и да работи во Русија

Москва, 9 август 2013 (МИА) - Пребеганиот поранешен соработник на американската разузнавачка агенција ЦИА, Едвард Сноуден, во правна смисла е слободен да патува ширум Русија и да се занимава со која било работа, освен државна служба, рече денеска Олег Молодијевски, висок руски функционер за миграции.

Русија минатата недела на Сноуден му одобри привремен азил на една година, и покрај протестот на американската влада.

- Во согласнсотс со законот тој има право на слободно движење по територијата на Русија и има право на работа, освен, секако, во државна служба, рече Молодијевски, директор на федералната служба за миграции на московскиот регион, која на Сноуден му го издаде документот за привремен азил.

Молодијевски, исто така, наведе дека Сноуден е слободен да оди во кој било руски регион, иако мора претходно да ја информира агенцијата за својата намера.

Тој не наведе каде Сноуден во моментов живее.

Директорот на миграциската служба во Москва, Олга Кирилова, изјави дека нејзината канцеларија нема сознанија за тоа каде Сноуден денеска се наоѓа.

- Немам таква информација. Тој не е во Москва, рече Кирилова.

Сноуден го напушти московскиот аеродром на 1 август, а неговиот адвокат Анатолиј Кучерена, кој и дава правни услуги на руската служба за безбедност-ФСБ, изјави дека американскиот бегалец сега престојува кај свои пријатели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...