НСА ја шпионирала Елисејската палата

Париз, 25 октомври 2013 (МИА) - Парискиот весник „Монд“ објави уште една серија документи во обид да објасни како американската Агенција за национална безбедност (НСА) „се обидувала да ја шпионира Елисејската палата“, пренесува дописникот на МИА од Париз.

„Монд“ потсетува дека десет години стариот американски електронскиот систем за шпионажа предизвикал тензии во односите на САД со земјите кои важат за историски сојузници на Вашингтон.

Весникот наведува дека анализата на документите на НСА, која е задолжена за „водење војна во сенка“ во светот на дигиталната сфера и телекомуникациите, ја потврдила недовербата која постоела меѓу Париз и Вашингтон.

Се работи за една внатрешна белешка од 4 страници на НСА, која ја откри Едвард Сноуден и која е  одбележена како најстрога тајна „топ тајна“. Таа е испратена до дирекцијата на Агенцијата од страна на службата за надворешни односи и содржи насоки за посетата на еден висок француски функционер од 12 април. Целта на посетата бил разговор за информатичкиот напад на кој во 2012 година било изложено Претседателството на Француската република.

Белешката го споменува името на Бернар Барбие, технички директор на француската тајна служба ДГСЕ и Патрик Пају, директор на Националната агенција за безбедност на системите за информации (АНССИ), кои отпатувале во САД за да побараат отчет од нивните американски колеги, кои се осомничени дека стојат зад шпионирањето на Елисејската палата.

„Инцидентот“ се случил во мај 2012 меѓу двата круга на претседателските избори во Франција, за што пишуваше францускиот печат, откако безбедносните системи откриле хакерски упади во компјутерите на главните соработници на шефот на француската држава.

Во ноември 2012 неделникот „Експрес“ објави текст во кој јасно ги посочи Американците како наредбодавци на хакерскиот нападот. Во јануари годинава, при пропатување во Париз, генералот Кит Александер, шефот на НСА, мораше да одговара на прашањата на ДГСЕ и АНССИ за одговорноста на неговата агенција.

НСА во подготвителната белешка појаснува дека „во ниту еден момент ДГСЕ и АНССИ не информирале дека имаат намера да го испрашуваат генералот Александер по ова прашање“.

За да покаже добра волја, НСА решава во Париз да испрати двајца аналитичари на нејзиниот центар за кризи, со цел да им помогнат на Французите да го откријат напаѓачот. Но, вечерта пред поаѓањето на Американците, Франција ја откажува нивната посета и бара Барбие и Пају да бидат примени во НСА.

Белешката натаму вели дека во ниту еден момент Французите не пренеле информации за сознанијата со кои располагале за евентуалната одговорност на Американците. - Најверојатно за да ја испитаат реакцијата на НСА кога ќе ги поднесат нивните информации, стои во белешката.

Во поглавјето „Потенцијални замки“ и „Други информации“ се појавуваат деталите околу оваа афера. Авторот на белешката им дава на своите претпоставени информации како да се справат со француските обвинувања. Може да се прочита дека службата која раководи со кибер нападите на НСА низ светот, потврдила дека не станува за нивна операција.

За белешката за шефовите на НСА, стои и дека израелската служба Мосад, која исто така е способна да спроведе такви упади, „намерно“ не била контактирана околу случајот. Авторот ова го оправдува до ставот дека „Франција не е заедничка цел на Израел и САД“.

Големата блискост меѓу Вашингтон и Ерусалим на теренот на собирањето на информации е позната, но тоа не исклучува взаемна недоверба. Во еден документ објавен во 2008 од „Гвардијан“, висок претставник на НСА зборува за агресивноста на израелските служби кон САД. - Од една страна, Израелците се одлични партнери околу поделбата на информациите, но од друга страна ние сме изложени на нивни акции за да ја знаат нашата позиција за Блискиот Исток. Тоа е трета најагресивна тајна служба во светот кон САД, се вели во документот, без да се посочи кои се првите две.

Што се однесува за односите меѓу француските и израелските тајни служби, според „Монд“ тие се „блиски и редовни“ за Блискиот Исток и Сирија, посебно во последно време. Но, довербата е понекогаш разнишана со интензивната активност на израелските служби во Франција.

Низ Франција транзитираат многу Африкаци и Арапи, и според претставник на француската контраразузнувачка служба ДЦРИ, оваа служба реагирала во Мосад откако открила дека Израелските користеле еден париски хотел како база за операцијата која доведе до убиство на лидер на Хамас во 2010 година во Дубај, пишува „Монд“.

Во врска со ваквите тврдења претставник на Кабинетот на израелскиот премиер во изјава за „Монд“, вели дека „Израел е пријателска земја, сојузник и партнер на Франција и дека не води никаква непријателска активност која може да ја загрози француската безбедност“.

Исто така и француските ДГСЕ и АНССИ одбиле да дадат коментари, без притоа да го демантираат заминувањето на нивните функционери на 12 април во НСА.

Националниот координатор на француските служби, Алан Забулом, одби да одговори на прашањата на „Монд“, а американските власти нагласиле дека „активностите на нивните тајни служби биле спроведувани во согласност со законот“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...