Не планираме воведување вонредна состојба

Киев, 2 декември 2013 (МИА) - Прашањето за воведување вонредна состојба во Украина засега не е покренато, изјави денеска портпаролот на кабинетот на украинскиот премиер Микола Азаров, Виталиј Лукјаненко.

Лидерот од опозициската партија „Татковина“, Арсеник Јаценјок изјави претходно денеска дека украинскиот претседател Виктор Јанукович побарал да се свика седница на Советот за национална безбедност и одбрана и да се воведе вонредна состојба.

Според некои извештаи, и локалните власти во некои региони можеби денеска ќе побараат итни седници за воведување на вонредна состојба.

Според украинското законодавство вонредна состојба може да се воведе со претседателски указ, кој треба да биде одобрен од Врховната рада во рок од два дена од неговото прогласување, но во исклучителни ситуации шефот на државата може тоа да го стори и без најава.

Станува збор за ситуации „во кои се потребни итни мерки за спасување на населението и со цел да не се дозволи губење на човечки животи“.

Со законот се овозможува да се воведе вонредна состојба во Украина, која нема да биде подолга од 30 дена и не повеќе од 60 дена во одделни делови од земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...