Ќе изнудиме оставка на претседателот Јанукович

Киев, 4 декември 2013 (МИА) - Украинските демонстранти ќе успеат во намерата да ја изнудат оставката на претседателот Виктор Јанукович, изјави во интервју за германскиот весник „Билд“ пратеникот Виталиј Кличко, лидер на опозициската партија УДАР, пренесе ИТАР-ТАСС.

-На „Плоштадот на независноста“ се уште има илјадници луѓе кои протестираат. Ваква атмосфера немало уште од „Портокаловата револуција“ во 2004 година, коментира Кличко, еден од водачите на украинската опозиција.

Тој изјави дека одлучил да се кандидира за претседател на Украина за во свои раце да ја преземе ситуацијата во земјата.

- За 20 години независност не се направи ништо, тврди Кличко.

Претседателот на украинскиот Парламент Володимир Рибак денеска го затвори пленарното заседание откако опозицијата ја блокираше работата на Врховната рада. „Ќе се собереме утре“, рече тој.

- Нема смисла да работиме, изјави Арсениј Јаценук, лидер на фракција во партијата на Тимошенко, „Татковина“. Тој повторно побара оставка од Владата на Микола Азаров и  пуштање на слобода на деветте приведени учесници на протестните митинзи.

- Во спротивен случај Врховната рада нема да работи, уверуваше опозиционерот.

Над сто демонстранти денеска се собраа крај зградата на Владата во Киев, каде е во тек најновата седница на кабинетот на Азаров. Влезот е ограден со метални огради, а зад нив е поставен кордон од милицајци. Засега демонстрантите не преземаат никакви активности, информира ИТАР-ТАСС.

Околу 30 активисти се обидуваат да им попречат на службениците на владината администрација и Парламентот да влезат во друга зграда, каде се наоѓаат нивните работни простории. Крај влезот дежураат милицајци.

Се уште не можат нормално да работат ниту чиновниците во градската управа на Киев, чија зграда во неделата беше преземена од демонстрантите, посочува руската агенција.

Премиерот Азаров ги повика јавноста, политичките партии и посебно опозицијата „да запрат со ескалација на политичките тензии“.

- Повикот на Западот до Украина да го избегне насилството не ја засега само власта, туку и демонстрантите, изјави Азаров пред министрите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...