ФОТО: Полицијата упати закани кон демонстрантите

а премиерот ги нарече нацисти

Киев, 6 декември 2013 (МИА) - Полицијата во Киев ги предупреди синоќа демонстрантите дека ќе преземе остри мерки доколку продолжат блокадите на административните згради, додека премиерот Микола Азаров учесниците во протестите го окарактеризира како „нацисти и криминалци“.

- Полицијата ги презема сите можни мерки со цел овие протестни собири да се одржат мирно, изјави вршителот на должност шеф на полицијата во Киев, Валериј Мазан. - Полицијата нема да се обидува да ги убедува криминалците. Ќе ги користиме сите средства, кои ни ги дозволува законот, додаде тој.

Претходно вчера демонстрантите, кои ја зазедоа зградата на градската управа и протестираат пред седиштето на украинската Влада беа информирани за одлуката на судот, со која се бара од нив веднаш да ја запрат блокадата на административните објекти. - Полицијата им даде рок од пет дена, а по истекот на тој рок ќе преземе соодветни мерки, нагласи Мазан.


Премиерот Азаров го бранеше начинот на кој неговата Влада постапува во кризата во земјата, остро одговарајќи му на шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле, кој својата посета на Киев, каде присуствуваше на конференција на ОБСЕ, ја искористи за искажување на поддршка на демонстрантите.

- Нацисти, екстремисти и криминалци на ниту еден начин не можат да бидат партнери во евроинтеграциите, му порачал Азаров на Вестервеле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...