ФОТО: Протестите продолжија и покрај истекот на рокот за прекин

Киев, 10 декември 2013 (МИА) - Илјадници украински демонстранти останаа изминатата ноќ во кампот со шатори во Киев, и покрај истекувањето на крајниот рок за напуштање на улиците.

Полициски единици за борба против нередите ги зазедоа позициите во престолнината на Украина, каде втора седмица по ред продолжуваат протестите против одлуката на претседателот Виктор Јанукович да се откаже од трговскиот договор со ЕУ.

Демонстрантите стравуваат дека пристигнувањето на полициските единици за борба против нереди навестува задушување на протестите.

- Очекуваме полицијата да изврши разбивање на мирните демонстранти, изјави опозицискиот лидер Виталиј Кличко.

- Ако при растурањето на протестите се пролее крв, таа крв ќе биде врз рацете на човекот, што ги наредил... Јанукович, рече тој.

Напнатоста се зголеми и откако двоен кордон од полицајци со заштитни шлемови и штитови беше распореден на улицата до зградата на општината, окупирана од демонстрантите и претворена во импровизиран команден пункт.

Во текот на ноќта електричната енергија на зградата беше запрена и демонстрантите започнаа да си одат, очекувајќи полицијата да може да упадне во местото. Подоцна осветлувањето проработи и некои од демонстрантите се вратија кон окупација на зградата.

Се очекува Јанукович денеска да се сретне со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон и со тројца поранешни украински претседатели, кои планираат преговори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...