Демонстрантите повторно се собираат на плоштадот во Киев

Киев, 11 декември 2013 (МИА) - Над десет илјади луѓе се собраа утрово на плоштадот „Независност“ во центарот на Киев, и покрај акциите на полицијата, која во текот на ноќта ги растури барикадите поставени од проевропската опозиција. 

Илјадници луѓе се приклучија кон протестот на централниот Киевски плоштад.

Според локални телевизии, до 6 часот и 15 минути по локално време на плоштадот се собрале околу 15.000 демонстранти.

Виталиј Кличко, еден од лидерите на опозицијата, изјави дека протестите ќе продолжат додека не бидат исполнети барањата, пренесува ДПА.

- Ако треба ќе останеме тука до Нова година, изјави Кличко за германскиот весник „Билд“.

Најмалку десет припадници на силите на редот се повредени во текот на ноќта, како резултат на активностите на демонстрантите при операцијата за деблокирање на централните улици во Киев, објави денеска украинското МВР.

Полицијата според западни медиуми не употребила сила за растурање на протестите.

Демонстрантите извикуваа Срамота и Ќе издржиме до крај. Полициската акција следеше и покрај посетата на двајца високи западни претставници кои се обидоа да придонесат за разрешување на кризата меѓу опозицијата и претседателот Виктор Јанукович.

Полицијата ги урна барикадите околу кампот, а потоа ги урна и шаторите поставени од демонстрантите пред околу една недела.

Според Киевски експерти Нуланд не случајно ја споменала Русија во контекст на украинските случувања, наведува Независимаја газета.

Политкологот Виталиј Бала наведува дека Јанукович добива совети од надворешни сили „кои не ги познаваат локалните реални состојби“.

– Тие можеби не разбираат дека не станува збор за конфликт меѓу опозицијата и власта, туку за вистинскo народно протестно движење, кое не може да биде уништено само со акции на полицијата, вели Бала.

За разлика од портокаловата револуција во 2004 година, денес опозициските политичари не ги користат протестите за постигнување политички цели, туку напротив „општеството ја користи опозицијата за решавање на сеопфатна криза - политичка, економска и социјална“. Освен тоа, сега источна и западна Украина се единствени во незадоволството и во своите барања до власта. Луѓето сакаат да живеат „поинаку во својата држава-со цивилизирани правила и систем на власт, под контрола на општеството, наведува аналитичарот. Ако власта употреби сила, ќе добие исто толкава сила како отпор, додава тој.

Според Комсомолскаја правда, постои опасност ситуацијата во Украина да прерасне во погром и хаос како во Киргистан во време на револуцијата во 2010 година.

– Колку повеќе траат протестите, толку поверојатно е децата кои ги фаќа нервоза од безделничење да очекуваат да бидат нападнати...да ги изгубат нервите. Да го „киргизираат“ патот на украинскиот протест. И да направат поголеми бељи. Од кои по навика ќе се дистанцираат нивните лидери и поголемите другари...На жртвите ама баш нема да им се слуша за тие оправдувања, додава Комсомолскаја правда.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович вчера ја обвини проевропската опозиција дека претставува закана за националната безбедност. И додека илјадници демонстранти и понатаму протестираат против отфрлањето на договорот за асоцијација со ЕУ по притисок на Русија, украинскиот претседател синоќа разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон во Киев.

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе изјави вчера дека украинскиот народ покажал цврсто определување за европска интеграција и треба да му се излезе во пресрет.

– Масовната поддршка за европските интеграции, реформи и модернизација докажуваат дека голем дел од народот се определиле каде Украина треба да се насочи и подготвени се да го бранат правото на слободно собирање и изразување, изјави Филе во говор пред Европскиот парламент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...