Полицијата почна со растурање барикади, убиен демонстрант

Киев, 22 јануари 2014 (МИА) – Украинските сили за безбедност утрото разбија барикади поставени од демонстранти во Киев, по што почнаа нови судири, а активистите тврдат дека е убиено едно лице.

Полицијата во утринските часови полокално време почна да растура барикади и да апси демонстранти поради што избија нови судири. Демонстрантите фрлаат со Молотови коктели врз полицијата која одговара со солзавец и шок-бомби.

Досега се приведени неколку лица, јавуваат локални медиуми.

Медицинската служба на украинското протестно движење во Киев соопшти дека еден демонстрант врз кого пукала полицијата од снајперска пушка бил убиен. Таа служба соопшти дека уште едно лица загинало откако паднал од врв на свечен влез на фудбалскиот стадион на Динамо Киев.

Премиерот на Украина Микола Азаров синоќа изјави дека украинските власти нема да имаат друг избор освен да употребат сила доколку „провокаторите“ не престанат да поттикнуваат судири.

– Ако провокаторите не престанат, властите нема да имаат друг избор освен да употребат сила согласно законите и да обезбедат сигурност на нашиот народ, изјави тој за информативниот канал Вести 24, имајќи ги предвид контроверзните закони за забрана на протести кои вчера стапија на сила. Со тој сет закони забрането е неодобрено поставување бини и шатори, што беше карактеристика на бранот нови протести. На оние што обезбедуваат опрема за митинзи им се заканува затворска казна. Предвидени се и затворски казни до 15 години за „масовно кршење“ на јавниот ред.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...