САД и Русија имаат големи разлики во врска со Украина

Москва, 7 март 2014 (МИА) - Ставовите на Русија и САД во врска со Украина остануваат различни, изјави рускиот претседател Владимир Путин во декларација, објавена денеска од прес-службата на Кремљ.

Во едночасовниот разговор, Обама укажал дека САД преземале мерки како одговор на руското кршење на украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет.

- Претседателот Обама укажа дека постои начин ситуацијата да се разреши на дипломатски начин, земајќи ги предвид интересите на Русија, на украинскиот народ и на меѓународната заедница. Како дел од оваа разврска, владите на Украина и Русија би воделе директни разговори, помогнати од меѓународната заедница, меѓународни набљудувачи би ги гарантирале правата на сите Украинци, вклучително и на етничките Руси, руските сили би се вратиле во нивните воени бази, а меѓунродната заедница ќе работи заедно со украинскиот народ да ги подготви изборите во мај, пишува во соопштението на Белата куќа по завршувањето на разговорот.

Кремљ, пак, соопшти дека на разговорот имало спротиставени ставови, за причините на кризата и за актуелната состојба.

- Владимир Путин особено укажа дека актуелната украинска Влада, која дојде на власт преку противуставен државен удар и не е поддржана на избори, наметнува крајно нелегитимни одлуки за Крим и за источните и југоисточните области во Украина. Русија не може да ги игнорира повиците за помош во овие прашања и реагира соодветно, целосно почитувајќи го меѓународното право. Претседателот на Русија го подвлече суштинското значење на руско-американските односи за обезбедувањето на стабилноста и безбедноста во светот. Овие односи не треба да се жртвуваат поради несогласувања за поединечни меѓународни прашања, колку и да се тие важни, пишува во руското соопштение.

Двете страни се договориле да продолжат разговорите на ниво на министрите за надворешни работи, Кери и Лавров. Американските власти вчера појаснија како точно ќе изгледаат санкциите против Русија и про-руските локални власти во Украина. Потпишаната наредба на претседателот Обама им дава дозвола на Стејт департментот и Секретаријатот за финансии да ги спроведат санкции, но се уште не се знае кои лица и колку вкупно луѓе ќе бидат опфатени.

Стејт департментот информираше дека засега на списокот на лица кои нема да можат да влезат во САД се ставени лица меѓу кои има и Украинци и Руси. Се работи за лица кои ги загрозуваат демократските процеси или украинскиот суверенитет, се вклучени во преземање на власта во делови на Украина без согласност на властите во Киев, се поврзани со распоредувањето на руските сили или биле вмешани во проневери на украинските буџетски средства.

Финансиските санкции се уште не се активирани, а ќе се однесуваат на поединци и компании за кои САД мислат дека ја дестабилизираат Украина, и поради тоа ќе биде дозволена заплена на нивниот имот. Американски претставници кои вчера објаснија како ќе изгледа пакетот санкции, оценија дека на овој начин може да се изврши дополнителен притисок врз Русија, покрај економскиот удар кој оваа земја веќе го претрпе во првите денови на военото распоредување на Крим.

- Веруваме дека Русија веќе плати цена со тоа што виде пад на нејзините берзи, и значителна нестабилност во својата валута. Мислам дека имаат кревка економија, оцени анонимен претставник на американските власти кој вчера го објаснуваше ефектот на санкциите.

Американските претставници рекоа дека воведувањето на санкциите не е поврзано со најавата за распишување на референдум за одделување на Крим од Украина и спојување со Русија. Белата куќа одби да одговори на прашањето дали и рускиот претседател Владимир Путин ќе се најде на списокот на поединци чиј имот може да биде запленет. Русија најави дека на американските санкции ќе одговори со свои санкции.Парламентот на Крим вчера свика референдум на 16 март за присоединување кон Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...